Славниот Форлан на 46 години повторно заигра фудбал и не помина добри – скрши три ребра! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Некогаш еден од најдобрите голгетери во светот, Диего Форлан на 46-години се појави на ревијален натпревар кој за него не заврши добро.

Уругавецот во еден момент од натпреварот дојде до судир со противнички фудбалер по кој се здобил со сериозни повреди.

По судирот веднаш бил пренесен во болница, а медиумите пренесуваат дека се здобил со три скршени ребра и краток колапс на белите дробови.

Набрзо за среќа неговата состојба била стабилизирана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×