Славјето на Бејл со репрезентацијата на Велс кое наиде на бурни реакции во Мадрид (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Првото нешто на
што тој мисли е Велс, потоа голф, а дури потоа и Реал Мадрид“, напиша екс
членот на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ во колумна за „АС“, а набрзо следеше и
изјава на самиот Бејл кој посочи дека повеќе задоволство кај него има во дресот
на својот национален состав.

Велс избори место
на претстојното Европско првенство идната година, а бурни реакции кај
навивачите на Реал Мадрид има поради начинот на кој Герет Бејл го прослави
успехот на својата репрезентација.

„Кралскиот клуб“
на некој начин е истролан во оваа прослава, откако сиот состав на Велс вееше
знаме на својата држава, а на истото имаше натпис
: Велс, голф, Реал Мадрид“, алудирајќи на честите
критики на адреса на Бејл за редослед по приоритет кај фудбалерот.

30 годишниот Бејл
нема настап за „Кралевите“ од 5 октомври, а неговото појавување во составот на
Велс беше изненадување за многумина, „Чудо во Велс“, напиша шпанскиот весник „Марка“
пренесувајќи ја веста дека Бејл тренира со својот национален тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×