Славен Билиќ доби отказ од кормилото на Вест Хем

by
1 минути читање

Последниот натпревар за Билиќ беше дуелот во сабота со Ливерпул кој го загубија со убедливи 4-1. 

Вест Хем се наоѓа во зоната за испаѓање, па раководството на клубот се одлучи за промена на тренерската позиција.

„Вест Хем може да потврди дека Славен Билиќ ја напушти позицијата во клубот денеска“ – стои во соопштението на клубот.

„Претседателот и бордот на Вест Хем сака да му се заблагодари на Славен и неговиот тим за нивните услуги во изминатите две и пол години, но верува дека за клубот да оди напред во моментов е неопходна промена“.

Заедно со Билиќ отказ доби и целиот негов стручен штаб, Никола Јурчевиќ, Един Терзиќ, Џулијан Дикс и Миљенко Рак.

Клубот е во потрага по нов тренер, а очекувањата се дека тоа ќе биде Дејвид Мојс. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани