Славен Белупо и понатаму му верува на Нестор!

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски продолжува да има важна улога во редовите на Славен Белупо, а потврда за тоа е и најавата за нов договор.

Според информациите на хрватските медиуми, тимот од Копривница одлучил навреме да ги обезбеди услугите на двајца важни фудбалери, па покрај Несторовски, нова соработка договорил и неговиот соиграч Љубан Црепуља.

Несторовски според информациите ја продолжил соработката за уште една сезона, што значи дека ќе остане дел од клубот најмалку до летото 2027 година.

Македонскиот интернационалец сезонава има солиден учинок и на 21 настап запиша шест погодоци и додаде три асистенции, со што уште еднаш ја оправда довербата во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×