Интер се откажа од Наинголан, тој не беше по мерка на Антонио Конте по што Белгиецот премина во Каљари. Нероазурите можеби денеска жалат што го пуштија Белгиецот.
Натпреварот почна одлично за Интер, во 29. минута поведоа со гол на Лаутаро Мартинез. Ешли Јанг дебитираше со асистенција.
Во продолжението од мечот Интер не успеа да го зголеми водството, Каљари бркаше реми и до него дојде во 78. минута кога Наинголан со удар од далечина реализираше за 1-1 што беше и конечниот резултат. Поради почит кон својот поранешен клуб, Наинголан не се радуваше на погодокот.
Во судиското продолжение Лаутаро Мартинез беше исклучен поради протест кон судијата. Најпрво бесно реагираше затоа што сметаше дека не беше досуден фаул врз него, судијата му покажа жолт картон, тој не се смири, па доби уште еден и мораше да го напушти мечот.