Првата ѕвезда на
каталонскиот гигант на одличен начин стави печат на победата на својот тим.
Барселона славеше
на дуелот со Еибар на домашен терен со 4-2 во последното коло од шпанската
Примера, но иако очекуваше кикс на својот голем ривал Реал Мадрид на
гостувањето кај Малага, тоа не се случи, па така остана со празни раце во
шампионската трка во Ла Лига.
Победата на „Камп
Ноу“ ја завери Аргентинецот Лионел Меси кој со соло акција стави точка на
победата на Барселона и на фантастичен начин означи крај на сезоната во
Шпанија.
Аргентинецот
постигна и одличен погодок со петица, но истиот беше поништен поради офсајд
ситуација, притоа не успеа да реализира од пенал при водство од 1-2 за
гостите по контроверзниот пенал кој го доби Барселона, но подоцна се поправи, иако повторно Хоел ја прочита неговата намера.