Слаба реализација на „Црвните Ѓаволи“, 29 шута но само два гола против Естонија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Црвените Ѓаволи“ со три бода се враќаат од гостувањето во Талин, но
Роберто Мартинез треба да биде загрижен за изаданието на неговите избраници.

Белгија цело второ полувреме играше со играч повеќе, но и покрај тоа се мачеше
да креира 100% шанси, и најчесто се закануваше со удари од далечина.

Статистиката вели дека гостите упатиле дури 29 шутеви, од кои 8 биле
блокирани, 9 завршиле над голот, 12 во рамките на голот и само два во мрежата
на Естонија.

Резултатот беше отворен во 34. минута откако голманот на домаќините
реагираше неспретно и му овозможи на Мертенс да ја затресе празната мрежа.
 

Михел Аксалу се разбрани по овој кикс, и долго време ги фрустираше
гостинските играчи.

Вториот гол падна дури во 86. минута, кога во листата на стрелци се запиша
Шадли.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани