Шкупи за 100.000 евра купи репрезентативец на Гвинеја

by
1 минути читање

Според медиумите на албански јазик, Шкупи за 20-годишниот Бангура платил 100.000, тој се очекува во наредните денови да пристигне во Скопје и официјално да биде промовиран.

Гвинеецот може да игира како центарфор, но и како крилен напаѓач, тој е и репрезентативец на својата земја, па очекувањата од нго ќе бидат високи.

Шкупи има високи амбици и вложува во тимот, нивната цел е шампионската титула, но за да дојдат до неа ќе треба да ја надоместат негативата од шест бодови која ја има Шкендија.

Во зимскиот преоден рок, Шкупи се засили и со Реџиналдо од Мозамбик, Фаустин Сенгнор од Сенегал, Абдул Рутубјаје од Руанда, Али Адем од Арис пристигна на позајмица, потпишаа и Матеј Цветановски од Вардар и Кристијан Трпановски од Академија Пандев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×