162
Нов пораз за
македонските клубови на европската сцена, вечерва во Скопје, Шкупи загуби од
Санта Клара. „Чаирчани“ беа надиграни, примија три гола и се пред елиминација
во 2. коло од Конференциската лига.
Резултатот беше
отворен по половина час игра, Руатубјаје ја затресе сопствената мрежа и донесе
предност за гостите.
На стартот од
вториот дел, Карваљо реализираше за 0-2, а во последните мигови од мечот, Костиња
ги постави конечните 0-3.