247
По престојот во Чешка и Словачка, Трпановски летово се врати во Македонија, играше за Академија Пандев, но само една полусезона, сега се пресели во Шкупи.
„Ја прифатив понудата од Шкупи бидејќи станува збор за добро организиран клуб кој има големи амбиции, да стана шемпион и кој веќе неколку сезони игра во Европа. Импресиониран сум како работат со младите играчи кои добиваат шанса да се докажат, но и овозможуваат трансфери во странство. Ќе ми биде чест и задоволство да играм за еден од најдобрите клубови во Македонија, едвај чекам да дебитирам во сино-белиот дрес“, изјави Трпановски.
Офанзивниот фудбалер беше дел од сите младински селекции на Македонија, сега настапува за У21.