Шкупи го потврди заминувањето на најдобриот стрелец во македонското првенство

by
1 минути читање

Најдобриот стрелец во македонското првенство, Дембо Дарбо е продаден во Шахтар Солигорск од Белорусија, Шкупи денеска го потврди неговото заминување.

„Денеска можеме официјално да потврдиме дека трансферот на Дембо Дарбо е комплетиран, тој од денеска е член на најдобриот тим во Белорусија. По долги и интензивни преговори, раководството на клубот постигна договор со менаџментот на Шахтар Солигорск“, стои во соопштението на Шкупи.

Дембо со 16 голови е прв стрелец во есенскиот дел од македонското првенство. Тој му се заблагодари на клубот и фановите.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите за големата поддршка кја ми ја доадоа уште кога стапнав во Чаир. Особено благодарам на соиграчите и фановите. На Шкупи му посакувам се најдобро и се надевам дека оваа година ќе бидат шампиони. Шкупи ќе остане дел од мене и јас секогаш ќе останам дел од Шкупи“, вели Дембо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×