Макс Алегри одби да говори за Скудетото во пресрет на дербито помеѓу Милан и Интер, вели дека главниот фокус на „росонерите“ е топ 4 пласман и место во Лигата на шампиони.
Милан утре го пречекува Интер во дерби „Дела Мадонина“, натпревар кој може да реши доста работи во трката за титулата.
Со победа, „росонерите“ ќе ја намалат предноста на лидерот на 7 бода и ќе донесат неизвесност, додека пак „нероаѕурите“ со триумф ќе побегнат на +13 и практично ќе го осигураат Скудетото.
„Дербито секогаш е уникатно, специјален натпревар, одличен и за играње и за уживање. Тоа ќе биде спектакуларна вечер за фудбалската јавност, ќе се сретнат првите две екипи на табелата“ – вели Макс Алегри.
„Но трите бода се важни како и на секој друг натпревар. Нема да биде лесно, за противник имаме многу силен тим, кој има само четири порази и едно реми“.
„По крајот на натпреварот ќе видиме дали и понатаму ќе имаме 10 бога негатива, ќе бидеме на 7 бода негатива, или ќе бидеме на -13“.
„Со победа се враќаме во трката за Скудетото? Во моментов сме фокусирани на тоа како пет победи не носат во Лигата на шампиони“.
„Без разлика каков ќе биде резултатот на натпреварот против Интер, знаеме дека 57 бодови не се доволни за остварување на нашата цел а тоа е да се вратиме во Лигата на шампионите. Имаме тежок распоред, плус ривалите ни дишат во врат“.