„Каталонците“ сакаа да му оддадат почит на Андрес Иниеста во пресрет на
неговиот последен натпревар, па вчера беше организиран настан на кој присуствуваше
целиот тим на Барселона, лидерите на клубот, семејството на играчот, блиски
пријатели како и многу поранешни соиграчи.
Дон Андрес одржа емотивен говор од шест минути кој го расплаче неговиот
поранешен партнер од средниот ред, Чави. Капитенот на Барса наместо да говореше
за титулите кои ги освоил, реши да им се заблагодари на сите со кои соработувал
откако пристигнал во во школата на Барса, популарната Ла Масиа.
„Ќе ми
недостигате многу, навистина многу” – читаше Иниеста од говорот кој го имаше напишано. „Многу пати
замислував како ќе изгледа овој момент, но не верував дека некогаш ќе се случи.
Колку само брзо поминаа овие 22 години, дојдов како дете сега сум маж со
прекрасно семејство. Нема да зборувам за титулите, само ќе се заблагодарам”.
„Ми помогнаа
многу луѓе, и би сакал да започнам со оние кои ме донесоа тука. Тоа се Ориол
Торт и Алберт Бенаихес“.
Palabra de Andrés Iniesta#Infinit8Iniesta pic.twitter.com/MO6rS5nFkM
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) May 18, 2018
Без да кажува
имиња, тој потоа им се заблагодари на сите претседатели, тренери, вработени во
клубот, играчи, луѓе од тренерскиот персонал и доктори со кои соработувал.
Следеше ново лична посвета, за делегатот Карлос Навел: „Ќе ми недостасуваш
многу“.
Андрес Иниеста
исто така им се заблагодари на неговите родители, на неговата сестра, на
сопругата и своите деца. Тој дури имаше зборови и за куварката од Ла Масиа, Хозефина
која беше специјален гостин токму на инсистирање на Дон Андрес.
„Го мразев твојот
спањак, но навистина беше добар!“