Столбот во
одбраната на Интер, Милан Шкринијар вели дека е многу среќен во редовите на
италијанскиот прволигаш, меѓутоа предупредува дека ситуацијата би можела да се
промени во таа конотација доколку му престане регуларната минутажа која ја
добива.
„Јас сум
презадоволен тука, се чувствувам одлично, имам добри релации со навивачите“
изјави Словакот за германски „Рурнахрихтен“ во пресрет на денешниот дуел со
Борусија Дортмунд на домашен терен во рамките на третото коло од Лигата на
шампионите.
„Не ми недостасува
ништо тука, играм регуларно, токму поради таа причина се решив на таков чекор
во кариерата, не размислувам за заминување“ посочи Шкринијар алудирајќи на тоа
што е стандарден во составот на Антонио Конте.
Шкринијар инаку
потпиша нов договор со Интер во мај годинава, за него се шпекулираше дека би
можел да си замине од Милано со оглед на постојаниот интерес за неговите
услуги, а интерес имаше од страна на гиганти како Манчестер Сити, Манчестер
јунајтед и Барселона.
„Многу беше
напишано низ медиумите за мојата иднина, некои дури и беа изненадување за мене,
меѓутоа не дозволувам ниту една вест да допре до мене во негативна конотација,
говорејќи лично на таа тема, ниту една понуда досега не пристигнала на моја
адреса, а низ медиумите се посочуваа клубови како Манчестер Сити, Манчестер
јунајтед, Барселона…“ посочи Словакот кој притоа додаде дека не би било лесно
да каже „не“ во една поинаква ситуација.
„Секогаш треба да
размислите кога би пристигнала понуда од некој клуб, се говореше и за Баерн
Минхен и Борусија Дортмунд, меѓутоа ситуацијата би зависела од развојот на
настаните во Интер и улогата која ја имам тука, доколку бев постојано на
клупата за резерви, би било тешко да кажам не во една таква ситуација“ заклучи
Словакот.