Шкринијар: Прашајте го Икарди…

by
1 минути читање

Милан Шкринијар
уверува дека нема никаков проблем помеѓу Мауро Икарди и останатите негови
соиграчи од редовите на Интер, но, го повика аргентинскиот напаѓач да стави
крај на ситуацијата во која се наоѓа.

Икарди во вторникот
продолжи со тренинзите во Интер, откако не работеше со тимот откако му беше
одземена капитентската лента на 13 февруари, а истата предадена на голманот
Самир Хандановиќ.

Говорејќи на
доста актуелната тема околу Аргентинецот, словачкиот дефанзивец кој е мета на
повеќе европски гиганти, ги упати медиумите да го прашаат директно Икарди што
точно се случило.

Прашајте го
Икарди што се случи
“ беше коментарот на Словакот кој додаде дека нема никаков
проблем помеѓу Аргентинецот и останатите фудбалери на Нероаѕурите.

Секако, ние
фудбалерите немаме никаков проблем со него, ниту пак тој со нас. На него е да
стави стави крај на оваа ситуација
“ додаде Шкринијар.

×