Македонските претставници во Европа денес ќе ги дознаат потенцијалните противници во следната рунда.
Шкендија во пресрет на ждрепката за третото коло во квалификациите за Лигата на шампионите се најде во второто коло. Тетовчани веројатно ги избегнаа најголемите опасности, ама пак можат против силен ривал. Потенцијални ривали на Шкендија (еден од победниците на трите двомеча):
Ноа – Ференцварош
Пафос – Макаби Тел Авив
Шелбурн – Карабах
Од друга страна при елиминација од Лигата на шампионите, тетовчани одат во Лигата на Европа. Таму, пак, ќе го чекаат поразениот од овие три двомеча: Пафос – Макаби, Слован Братислава – Зрињски, Копенхаген – Дрита.
Скопски Вардар доколку успее да ја мине Лозана во Конференциската лига во третото коло оди како неносител. Веќе е скратен кругот и вардарци при пласман понатаму ќе играат со еден од победниците на следните парови:
Актобе – Спарта Прага
Омониа – Торпедо Кутаиси
Зимбру Чисинау – Астана
Рига – Дила Гори
Хибернијанс – Спартак Трнава
Трите ждрепки се на програмата денес од 12:00, 13:00 и 14:00 часот.