Шкотска стави крај на фудбалската сезона, Селтик е прогласен за шампион

by
1 минути читање

Прекина фудбалот и во Шкотска, падна одлука да не се доигра првенството, Селтик девети пат по ред е прогласен за шампион. Ова е вкупно 51. шампионска круна за Селтик во домашниот шампионат.

По одиграни 30 кола тие имаа 13 бода пред ривалот Ренџерс кој имаше меч помалку.

Хартс испадна од лигата, следната сезона ќе игра во Чемпионшип. Тие имаа четири бодови помалку од Хамилтон. Во Хартс се разочарани од одлуката сезоната да биде прекината и тие да испаднат, ја разгледуваат можноста за тужба.

Но сезоната во Шкотска не е комплетно прекината, планот е да се доигра шкотскиот куп кој е во полуфинална фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×