Скопје ѝ даде осум гола на Победа, Брегалница го презеде врвот во ВМФЛ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Втората македонска фудбалска лига донесе доста возбудувања во рамките на петтото коло.

Највозбудливо беше во Скопје, каде што истоимениот клуб на стадионот „Железарница“ славеше со огромни 8-1 против прилепска Победа. Ова беше втора победа во низа за Скопје кој сака да се вклучи во борбата за ПМФЛ.

Нов лидер на табелата е Брегалница која со 1-3 слави на гостувањето кај Саса во Македонска Каменица. Со оваа победа штипјани ги искористија киксовите на Кожуф и Шкендија Арачиново кои одиграа нерешени против Детонит, односно Охрид.

  • Резултати на натпреварите од петтото коло во ВМФЛ:

Скопје – Победа 8-1
Детонит Плачковица – Шкендија Арачиново 0-0
Големо Коњари – Осогово 0-2
Саса – Брегалница 1-3
Новаци – Тетекс 1-0
Охрид – Кожуф 0-0
Преспа – Вардар Неготино 1-2
Слога Виница – Беласица 1-2

Табела: Брегалница (13), Беласица (13), Кожуф (11), Шкендија Арачиново (11), Беласица (10), Скопје (10), Новаци (9), Охрид (8), Детонит Плачковица (7), Осогово (7), Тетекс (6), Вардар Неготино (6), Саса (5), Слога Виница (3), Преспа (3), Победа (1), Големо Коњари (0).

  • Головите од натпреварите од петтото коло во ВМФЛ:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×