Сколс за Манчестер јунајтед: Разочаран сум, не од младите фудбалери, туку од поискусните како Јанг, Матиќ, Погба…

by
1 минути читање

Легендата на
Манчестер јунајтед, Пол Сколс тврди дека неговиот поранешен клуб е најмалку две
години назад во поглед на обидот повторно да се врати на старите патеки во
битката за титулата од Премиерлигата.

Манчестер
јунајтед последен пат ја освои титулата во тоа натпреварување под водство на
Алекс Фергусон во финалната сезона 2012/13, меѓутоа, од тогаш па наваму „Црвените
ѓаволи“ приредија низа разочарувања за своите навивачи низ годините, лани
завршија дури на шестото место, а очигледна е големата разочараност кај Пол
Сколс.

Разочаран сум,
тоа е уште од излегувањето од игра на Хуан Мата, бев изненаден, со оглед на тоа
што ако очекував некој нешто да стори на тој меч, тоа е токму тој
“ изјави Сколс
во поглед на ремито кај Саутемптон.

Но, не сум
разочаран од младите фудбалери, најмногу од оние поискусните, кога Немања Матиќ
влезе во игра, тој постојано ја губеше топката, Ешли Јанг исто премногу
грешеше, а не знам колку пати Пол Погба го загуби поседот на топката
“ додаде
Сколс, алудирајќи на тоа дека помладите фудбалери во составот на Премиерлигашот
немаат од кого да научат, мислејќи на поискусните како Матиќ, Јанг и Погба, кои
тој лично ги спомена.

Тоа се тие луѓе
од кои младите фудбалери треба да учат, пример кој треба да се следи, меѓутоа
тоа не постои во моментов. Мислам дека треба да го отпишеме Манчестер јунајтед
во следните две години, се додека овој тим, под водство на Оле Гунар Солшер јасно
посочи кои треба да си заминат, има четири или пет преодни рока за тоа да се
реализира
“ заклучи легендарниот фудбалер на тимот од „Олд Трафорд“ во својата
анализа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×