146
Жозе Мурињо во текот на целиот натпревар беше навредуван од фановите на Јувентус, а откако мечот заврши со победа на Манчестер јунајтед тој ја стави раката на увото и ги испровоцира домашните фанови.
Полс Сколс смета дека кога се победува треба да се покаже класа, и не се согласува со гестот на Мурињо, но вели дека Португалецот е едноставно таков.
„Кога ќе победите треба да покажете малку класа“, вели Сколс.
„Мислам дека немаше никаква потреба од тоа што го направи. Одите, ги поздравувавте гостинските фанови, се ракувате со тренерот“.
„Тоа што тој го направи е непотребно, но едноставно тој е таков“.