Сколс му порача на Мурињо дека го срами клубот

by
1 минути читање

Жозе Мурињо не
може да се пофали со позитивни резултати предводејќи го тимот на Манчестер
јунајтед изминатиов период, критики на адреса на португалскиот фудбалски
стратег пристигнаа и од страна на Пол Сколс, кој наведе дека Мурињо го срами
клубот.

Навистина сум
изненаден од фактот што Мурињо „преживеа“ на клупата по поразот во саботата (кај
Вест Хем со 3-1), перформансите беа навистина слаби
“ рече Сколс за „
BT
Sport.

Тој излегува на
пресконференции, константно „удира“ по фудбалерите, постојано се конфронтира со
луѓето кои не се согласуваат со него, сето тоа е бидејќи тој не го добива тоа
што го посакува, мислам дека неговата уста е веќе надвор од контрола, а воедно
и мислам дека тој го срами клубот
“ додаде легендата на тимот од Олд Трафорд.

Манчестер
јунајтед тргна со убедлива победа кај Јанг Бојс во воведното коло од Лигата на
шампионите, а синоќа во второто, одигра реми без голови на домашен терен против
Валенсија, освен што говореше за мечот, Мурињо се осврна и на коментарите на
Сколс откако беше запрашан за таа тема.

Не сум
заинтересиран за тоа, не би сакал да знам што мисли тој, има слобода во својот
говор исто како и сите останати, исто како и фановите кои скандираа
напаѓајте, напаѓајте… во второто полувреме“ истакна Мурињо. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×