Сколс и Бат се мајтапеа со Мартинез, па добија одговор: Нека ми дојдат дома и нека ми кажат во лице!

by bojan
1 минути читање

Лисандро Мартинез испрати јасна порака до Пол Сколс и Ники Бат откако легендите на Манчестер јунајтед се шегуваа на сметка на Аргентинецот во пресрет на дербито против Манчестер Сити.

Легендите на Манчестер јунајтед како Пол Сколс, Рој Кин, Гери Невил и Ники Бат се едни од најголемите критичари на „ѓаволите“, но во пресрет на градското дерби, замерките немаа врска со случувањата на теренот.

Пол Сколс и Ники Бат се шегуваа на сметка на Лисандро Мартинез и неговата висина.

Го еден поткаст, Нико Бат рече дека Ерлинг Халанд ќе го „крене Мартинез и ќе трча со него“, а дуелот на „Олд Трафорд“ ќе личи на „татко што трча по улица со мало дете“.

Пол Сколс пак додаде дека „Халанд ќе даде гол, па ќе го фрли Мартинез во мрежата“.

Но Аргентинецот е тој кој последен се смее откако одлично се справи со Ерлинг Халанд и го спречи Норвежанецот да се запише во листата на стрелци.

„Можат да зборуваат што сакаат. Но како што им кажав и претходно, ајде нека дојдат дома кај мене и нека ми го кажат тоа во лице“ – вели Мартинез.

„Но кога и да се видиме, не кажуваат ништо. Па навистина не ме интересираат нивните коментари. Се фокусирам на мојата игра, на играта на мојот тим и на тоа да го дадам максимумот секогаш кога ќе истрчам на теренот“.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×