Сколс го коментираше мечот со Партизан и го ’рчна Мурињо: Солшер не е како претходниот тренер, не плаче пред камери

by
1 минути читање

Пол Сколс вечерва
беше гостин на БТ спорт и стручен коментатор за дуелот помеѓу Манчестер
јунајтед и Партизан во Лига Европа. Тој оваа прилика ја искористи за одново да го ’рчне Жозе Мурињо.

Легендата на Манчестер јунајтед порача дека Оле Гунар
Солшер е правиот човек за да ги врати „ѓаволите“ на врвот, смета дека
Норвежанецот секогаш во прв план го става клубот, а и доколку има одредени
замерки за раководсвото, наместо да плаче пред камерите, оди лице во лице да им
ги пренесе примедбите.

„Оле знае што сака,
тој е не е човек кој кажува само ДА, сигурен сум во ова. Манчестер јунајтед му
е во срцето, очајно посакува да успее и ќе го даде максимумот за да го врати
клубот на врвот. Пред него имавме големи имиња за тренер како Луј ван Гал и
Жозе Мурињо, но ми се чини дека тие повеќе се грижеа за личните интереси
отколку за интересите на клубот“
– вели Сколс.

„Со Оле, знаеме
што е негов приоритет. Доколку не е задоволен од Ед Вудворд, оди кај него во
канцеларија и му кажува во лице. Не плаче пред камера. Можеби претходните тренери
сметаа дека е подобро да се жалат пред камерите, но Оле не работи така“.

„Мислам дека тој
е на прав пат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×