Поранешниот
селектор на Бразил, Луис Фелипе Сколари вели дека е дојдено вистинско време за
Нејмар да се врати во Барселона, а шпекулациите околу евентуално такво сценарио
не запреа подолг период уште од самиот трансфер на Бразилецот во ПСЖ.
Сколари запрашан
за ситуацијата со 28 годишниот фудбалер на ПСЖ, вели дека во случај Нејмар да
добие таква прилика, треба веднаш да ја искористи по три сезони минати во
редовите на францускиот првак.
„За Нејмар, врз
основа на тоа што го знам, би му рекол да се врати во Барселона“ вели Сколари.
„Доколку шансите
за такво нешто се зголемат, во тој случај повторно би бил помеѓу најдобрите во
светот во мошне еднакви услови, со сите фудбалери кои постојано се селектираат“
додава екс селекторот на „Кариоките“.
Нејмар досега во
дресот на ПСЖ освои по две титули во „Лиг 1“, односно во купот на тоа
првенство, меѓутоа не успеа да се најде во листата на 30 фудбалери во потесниот
избор за „Златната топка“ лани, за прв пат од 2010. година па наваму, за што
алудира Сколари во својата изјава на крајот.