561
Шкендија која во мислите е со натпреварот против Милан во четврток, добро ја реши и домашната задача против Шкупи.
Тимот од Чаир одолеваше на нападите на гостите се до 49. минута кога Алими го отвори резултатот. Потоа беше полесно за тетовчани.
Ибраими во 62. минута зголеми на 2-0, а Радески на десет минути пред крајот го постави конечниот резултат од 3-0.
По две одиграни кола Шкендија е лидер на табелата со шест бода исто колку што има и Силекс, но со подобра гол разлика.
Фото: ФК Шкендија