Заврши сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), непознато беше само кој ќе заврши на втората позиција, Шкендија благодарение на гостински триумф кај Работнички ќе игра во Европа, Шкупи остана трет.
Со голови на Красниќи во 34. минута и Аганспахиќ во 72. минута, Шкендија со 2-0 славеше на гостувањето кај Работнички.
Со овој триумф Шкендија заврши на втората позиција и ќе игра во европски квалификации на лето.
Шкупи со 2-1 славеше кај шампионот Струга, но ова беше пирова победа за чаирскиот тим со оглед на успехот на Шкендија.
Рамани уште во деветата минута донесе водство за Шкупи, а Буњамин Шабани во 30. изедначи на 1-1. По шест минути игра во второто полувреме Аворњо дојдесе триумф за скопскиот тим.
Вардар одигра 2-2 против Тиквеш. Црвено-црните поведоа со гол на Николовски во 14. минута, но брзо потоа следуваше пресврт, со погодоци на Пузиревскис и Даноски, кавадаречкиот тим го сврте резултатот и поведе со 2-1. Сушњара во 66. минута донесе бод за Вардар.
Вистинска голеада имаше во Струмица каде Брера со 5-3 ја победи екипата на Македонија Ѓорче Петров која имаше водство од 2-1 на полувремето.
Воска и Гостивар одиграа нерешено 1-1, а со истоиот резултат заврши и дуелот меѓу Брегалница и Силекс.
- коло:
Брера – Македонија ЃП 5-3
Брегалница – Силекс 1-1
Работнички – Шкендија 0-2
Струга – Шкупи 1-2
Вардар – Тиквеш 2-2
Воска – Гостивар 1-1
Конечна табела: Струга 64, Шкендија 64, Шкупи 62, Тиквеш 44, Силекс 43, Гостивар 42, Брера 42, Работнички 42, Воска 42, Вардар 37, Македонија ЃП 29, Брегалница 28.