Шкендија со победа се враќа од Естонија, со гол од пенал е совладан Номе Каљу

by
0 минути читање

Шкендија е многу поквалитетен противник од естонскиот Номе Каљу и како голем фаворит влезе во овој двомеч од квалификациите во Лигата на шампионите.

Таква беше и ситуацијата на теренот, Шкендија напаѓаше и се обидуваше да дојде до погодок, а домаќинот со сите сили се бранеше.

Бедемот на Номе беше срушен дури во финишот од натпреварот и тоа од пенал, сигурен реализатор на ударот од белата тока беше Агим Ибраими за победа од 1-0.

Реваншот е за една недела во Скопје, а се освен пласман на Шкендија во следната рунда би било рамно на сензација.

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

×