Шкендија се спасуваше од пораз против Победа, само реми на Пелистер со Скопје

by
1 минути читање

Малку фалеше Победа да направи сензација во Тетово, Прилепчани примија гол во 87. минута од Абдурахими кој значеше бод за Шкендија.

Претходно, Победа поведе со гол на Филип Најдоски, но до крајот на првото полувреме Шкендија направи комплетен пресврт со погодоците на Емини и Ибраими од пенал.

Победа имаше одличен влез во вториот дел кога со голови на Цветановски и Гешоски го врати водството, но Абдурахими спречи тотална сензација во Тетово.

Пелистер влезе како голем фаворит против Скопје, се играше „викторија“ пред голот на гостинот, но топката не го најде патот до мрежата, натпреварот заврши 0-0.

Чаир го слави Јашаровски кој со гол во 90. минута му донесе победа на Шкупи од 2-1. Претходно домаќинот поведе со гол на Мбела во четвртата минута, Садики во 20. изедначи на 1-1.

Новајлијата во лигата, Академија Пандев продолжи со одличните игри, со гол на Балдовалиев од пенал славеше со 1-0 над Ренова.

Фото: ФК Победа

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани