Од клубот
информираат дека Артип Положани нема да продолжи со Шкендија, неговиот договор
истекува на крајот од овој месец, соработката нема да биде продолжена.
Искусниот, 34
годишен фудбалер кој игра во средината на теренот беше користен по потреба и во
дефанзивната линија, од 2012. година досега одигра 140 натпревари за Шкендија
на кои постигна 11 погодоци, претходно го носеше дресот на тетовските „црвено-црни“
во периодот од 2004-2006. година каде на 55 натпревари постигна 9 погодоци.
Од тетовскиот
прволигаш изразија јавна благодарност за се што направи Положани во дресот на
Шкендија, исто така на официјалниот клупски сајт се вели дека од тимот
истовремено ќе си заминат и Демир Имери и Марко Јовановски.
Инаку избраниците на Ќатип Османи веќе се пристигнати и сместени во Словенија, каде во Моравске Теплице следните 10 дена ќе ја обавуваат втората фаза од подготовките во пресрет на настапот во квалификациите за Лига Европа, откако првата ја одработија во Тетово.
Извор/Фото: kfshkendija.com