Шкендија се раздели со Ибраими: Ти благодариме за се’ што стори за овој клуб

by
1 минути читање

Актуелниот
шампион на Македонија, тетовска Шкендија и официјално се раздели со својот
најдобар фудбалер изминативе неколку години, Бесарт Ибраими, кој воедно е
најдобриот стрелец во историјата на тетовските „црвено-црни“.

Ти благодариме
за се
што стори за овој
клуб, Бесарт, ти благодариме за убавите моменти, за твојата посветеност во
црвено-црниот дрес, ти посакуваме многу успех во твојата кариера како фудбалер

стои во објавата на официјалниот клупски сајт на Шкендија.

Ибраими за
Шкендија потпиша во 2015 година, а од тогаш па наваму постигна фантастичен
учинок од 147 погодоци, а за него се верува дека кариерата ќе ја продолжи во
грчки Ксанти.

 

Фото-вест:
kfshkendija.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×