346
Тимот на Ќатип
Османи по само едно полувреме најавија победа од дуелот против Кожув на гости
во рамките на 16 финалето од националниот Куп на Македонија, откако по првите
45 минути игра резултатот гласеше 0-2 за фаворитот.
Шкендија поведе
преку Ибраими во 13. минута, а конечниот исход од средбата го постави Имери во
28. минута.
Претходно оваа
пресметка беше откажувана поради обврските кои тетовските црвено-црни ги имаа
на европска сцена, како и поради репрезентативната пауза.
Место во
осминафиналето веќе обезбедија Победа, Кораб, Беласица, Скопје, Работнички,
Академија Пандев, Кит Го Пехчево, Брегалница, Вардар, Пелистер, Гостивар,
Силекс, Тиквеш и Македонија Ѓорче Петров.