22 годишниот дефанзивец
Ерион Хоџалари е на радарот на тетовска Шкендија, пренесува „Панорама“.
„Дознаваме дека Шкендија
од Тетово е сериозно заинтересирана за Хоџалари. Сепак, ќе издвоиме дека ќе
биде тешко да падне договор помеѓу двата клуба, бидејќи фудбалерот има голема
доверба од страна на претседателот на Тирана, Рефик Халили“ пишува албанскиот весник.

Младиот албански
фудбалер има солидна вредност на трансфер пазарот, а она што секако му значи на
нашиот прволигаш е тоа што неговиот актуелен важечки договор со Тирана истекува
идното лето, па во Тетово би можел да дојде и како слободен фудбалер за шест
месеци, а преговорите би можеле да почнат уште идниот месец. Сепак, останува
опцијата сите работи околу овој трансфер да се завршат уште во јануарскиот
преоден рок.

Хоџалари е инаку одличен
дефанзивец, стандарден во редовите на Тирана која годинава настапува во
второлигашкото друштво на Албанија, а на добар пат е да се врати во
Суперлигата. Иако е дефанзивец, тој често знае да изненади и да погоди од
слободен удар, очигледно дека тој дел од играта добро го има совладано…
За Хоџалари ќе издвоиме
и дека до пред една година ги мина сите младински категории во албанската
фудбалска репрезентација, застана со настапите во селекцијата за фудбалери до
21 година, се уште нема повик во сениорскиот состав.
Извор: panorama.com.al
Фото-вест: kftirana.al (архива)