На денешните пет натпревари од Првата македонска лига беа постигнати исто толку голови од кои дури три на мечот меѓу Работнички и Академија Пандев.
Пандевци го добија дуелот со 2-1. Водеа со гол на Дориев од пенал во финишот од првото полувреме, во 90. минута Миловановиќ зголеми на 2-0, а единствениот погодок за Работнички го постигна Жунињо пред самиот крај на мечот.
Вардар влезе како фаворит во дуелот против Беласица во Струмица, но од таму се враќа само со бод, натпреварот заврши 0-0.
Шкупи со гол на Бајрами во 30. минута ја победи Шкендија со 1-0.
Триумф од 1-0 славеше и Силекс над победа, Алексовски беше стрелец на единствениот гол.
А мрежите мируваа и на мечот меѓу Ренова и Македонија Ѓорче Петров.
Резултати:
Беласица – Вардар 0:0
Работнички – Академија Пандев 1:2
Ренова – Македонија ЃП 0:0
Шкупи – Шкендија 1:0
Силекс – Победа 1:0
Табела:
1. Шкендија 47
2. Академија Пандев 39
3. Вардар 39
4. Шкупи 33
5. Работнички 31
6. Ренова 27
7. Силекс 24
8. Македонија ЃП 23
9. Беласица 19
10. Победа 18
Фото: ФК Вардар