Ферхан Хасани со одлична партија во Битола беше главен во победата на Шкендија над Пелистер.
Хасани постигна два гола во првото полувреме во Битола за водство на Шкендија од 2-0, Жуниор во 73. ги реши сите дилеми околу победникот, а Пелистер успеа да постигне само почесен гол предку Цветановски во финишот од мечот.
Академија Пандев доживеа нов пораз од Силекс, овој пат во првенството, со идентични 1-0 како и во Купот. Единствениот гол беше дело на Бујчевски уште во деветата минута.
На натпреварите Скопје – Рабтонички и Ренова – Победа немаше голови. Утре Вардар го пречекува Шкупи.
Табела:
1. Шкендија 25
2. Академија Пандев 14 (-1)
3. Вардар 13 (-3)
4. Силекс 13
5. Шкупи 12 (-1)
6. Пелистер 9
7. Победа 9
8. Работнички 7 (-1)
9. Ренова 7
10. Скопје 4
Во заграда е бројот на заостанати натпревари.