Уште едно неефикасно коло во македонското првенство, беа постигнати вкупно шест голови на петте натпревари.
Најголемото изненадување го направи Победа која одолеа на нападите на Вардар. Црвено-црните се надеваа на трите бода од дуелот со Победа која многумина веќе ја отпишаа, но Прилепчани освоија бод.
По овој кикс на Вардар, Шкендија се зацврсти на лидерската позиција со двоцифрена бодовна предност. Тетовци славеа на гостувањето кај Академија Пандев со 1-0. Висар Муслиу во 30. минута го постигна единствениот гол.
Работнички го промени тренерот, но резултатите останаа слаби, денеска одиграа само 1-1 на свој терен против Беласица. Гостите поведоа со гол на Денковски во 51. минута, Шаркоски изедначи четири минути подоцна.
1-1 заврши и мечот меѓу Силекс и Македонија ЃП. И тука гостите водеа, Кировски беше стрелец на голот, Кратовчани изедначија со погодок на Алексовски.
Ренова со гол на Стојановски пред крајот на првото полувреме го победи Шкупи со 1-0.
Резултати:
Академија Пандев – Шкендија 0:1
Победа – Вардар 0:0
Работнички – Беласица 1:1
Ренова – Шкупи 1:0
Силекс – Македонија ЃП 1:1
Табела:
1. Шкендија 59
2. Вардар 49
3. Академија Пандев 45 (-1)
4. Ренова 36
5. Шкупи 33
6. Работнички 33
7. Македонија ЃП 31
8. Силекс 25
9. Беласица 23
10. Победа 19 (-1)
Фото: ФК Шкендија