Шкендија по шокот во првата минута, го диктира темпото на игра против Тракаи во првото полувреме (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Избраниците на
Ќатип Османи имаат нерешен резултат (1-1) на гостувањето кај Тракаи во
Литванија по првите 45 минути игра на овој натпревар.

Шкендија имаше
лош почеток на мечот во Литванија, неполна минута им беше потребно на
домаќините да поведат по една грешка на нашиот претставник.

Дорлеј ја искористи
конфузијата и недоразбирањето помеѓу Бејтулаи и Захов, најнапред го претрча
дефанзивецот на Шкендија за потоа и да му создаде опасност и на Захов кој
реагираше збунето, „отпадокот“ го искористи Максимов кој ги доведе во рано
водство домаќините.

Домаќините добија
крилја по голот, па тргнаа целосно во офанзива, сепак, тоа отвори можност за
нашиот претставник кој преку Радески во 6. минута ја имаше првата прилика, но
неговиот удар кон противничкиот гол беше навремено блокиран од страна на
Плукас.

Следеа шанси на
Ибраими и Хасани, онаа втората во 17. минута беше одлична но капитенот на
Шкендија не успеа да го најде патот кон мрежата од голот на домаќинот.

Ќе ја издвоиме и
шансата на Алими кој биеше само во стативата од голот на домаќинот во 33. минута,
Ибраими најнапред упати опасен центаршут во казнениот простор по корнер
ситуација, голманот на Тракаи со крајни напори боксуваше, за потоа топката да
стигне до Алими кој можеше слободно да ја затресе мрежата од голот, но погоди
само во стативата.

Максимов изби сам
во 37. минута но имаше лоша реакција во завршницата, Захов немаше многу работа
во оваа ситуација

Шкендија по
примениот гол на стартот ја консолидираше играта и целосно ја презеде
контролата и темпотово во играта на мечот во Литванија, па така наградата
стигна во 39. минута кога Жуниор доби употреблива топка во казнениот простор на
домаќините,

Бразилецот најпрво го мина противничкиот голман за потоа да погоди во празната
мрежа за 1-1, резултат што остана до крајот на првото полувреме.

Мечот во
Литванија го суди Ирецот Неил Дојли.

Шкендија: Захов, Бејтулаи, Алими, Цуцули, Ибраими,
Тотре, Хасани, Челиковиќ, Радески, Жуниор и Тодоровски
(4-2-3-1).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани