Познати се
седумина учесници во четвртфиналето од Купот на Македонија откако вчера и денес
се одиграа реванш средбите.
Лидерот во првнеството се намачи во дуелот со Работнички, и на пенали се пласираше помеѓу
осумте најдобри во најмасовното натпреварување на Македонија.
Радески ги донесе
домаќините во предност уште на стартот од средбата, но Херера изедначи на 1-1
на десет минути до крајот.
Па патникот во
четвртфиналето го дадоа пеналите, каде Работнички промаши дури три пати, па
„црвено-црните“ од Тетово на крајот се радуваа.
Академија Пандев
го „растури“ Силекс пред своите фанови и со убедливи 5-0 ја надополни
негативата од првиот натпревар и го чекираше билетот за четвртфинале.
Во следната рунда
учество уште обезбедија и Пелистер, Скопје, Победа, Ренова и Тетекс, а
последниот патник ќе го добиеме по пресметката помеѓу Вардар и Шкупи, која беше
одложена поради настапот на шампионот во Лига Европа и дуелот со Реал Сосиедад.
фото ФК Шкендија