190
Розенборг уште во
11. минута прв дојде до водство од првиот меч против нашиот претставник
Шкендија во првата пресметка помеѓу овие две екипи во финалните квалификации за
место во групите од Лига Европа.
Џебали беше
стрелецот за норвешкиот тим, а фудбалерот на домаќините искористи една
ситуација во која забележа дека голманот на тетовските црвено-црни, Захов беше
излезен нешто повеќе од предвиденото и го лобуваше со удар вон казнениот
простор.
Се играше 15.
минута кога Бендтнер веќе зголеми на 2-0, резултат кој воопшто не ветува за
нашиот тим, ако се земе во предвид дека играта на Шкендија не е на нивото.