Шкендија максимално ја искористи приликата која и се укажа, претставници на Милан на средба во „Еколог“

by
1 минути читање

Милан со победата
од 6-0 на домашен терен веќе ги разреши сите дилеми околу патникот во групите
од Лига Европа, на македонскиот вицепрвак Шкендија му преостанува само формалност,
да одигра за својата чест вечерва пред домашната публика.

Меѓутоа, се чини
дека тетовскиот клуб одлично ја искористи укажаната прилика да отвори можност за соработка со гигантот од Милано, познато е дека во Италија беше
остварена средба на највисоко ниво помеѓу обата тима, а тоа се случи и во
Македонија.

Претседателот на
Шкендија, Висар Беџети денеска во просториите на главниот спонзор на тетовскиот
клуб, „Еколог“, имаше средба со директорот на Милан, Марко Фасоне и директорот
за секторот со комуникации на калчолигашот, Фабио Гуадагдинини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×