Во дербито на 29.
коло, Бесарт Ибраими ја предводеше Шкендија до триумф над Вардар во првенството
по пауза од речиси две години.
Изминатите седум
натпревари, Вардар не знаеше за пораз, но Шкендија денеска стави крај на оваа
серија.
Домаќините добро
го започнаа натпреварот и преку Меџедовиќ поведоа со 1-0.
Кон финишот на
првиот дел, Вардар по една одлична акција изедначи на 1-1 преку Балотели.
Потоа во второто
полувреме на сцена стапи Ибраими.
Напаѓачот најпрво
неодбранливо биеше од врвот на шеснаесетникот во 63. минута за 2-1, а потоа
стави точка на натпреварот во 81. минута со нов удар од далечина.
Македонија ЃП
остана на дното од табелата откако пред своите фанови загуби со 1-3 во дуелот
со Ренова.
Победа со гол од
пенал во последните мигови стигна до минимална победа од 1-0 против Силекс, а
Брегалница и Пелистер одиграа 1-1.
Резултати ПМФЛ:
Македонија ЃП – Ренова 1:3
Брегалница – Пелистер 1:1
Шкендија – Вардар 3:1
Победа – Силекс 1:0
Табела: Вардар 68, Шкендија 58, Рабтонички 47, Пелистер 41, Ренова 41,
Силекс 36, Шкупи 29, Победа 26, Брегалница 20, Македонија 19.