Шкендија ја зголеми предноста на врвот, Вардар не го сочува водството против Академија Пандев

by
1 минути читање

Вардар беше блиску до победа против Академија Пандев, водеше долго, имаше шанси и за зголемување на водството, но на крајот гостите ги казнија промашувањата.

Вардар поведе со деби гол на Даниел Аврамовски во 28. минута од натпреварот, Дориев го изедначи резултатот на пет минути до крајот.

Шкендија со 2-1 ја победи Ренова. Бејтулаи во 34. минута донесе водство, Садики само четири минути подоцна го изедначи резултатот. По десет минути игра во вториот дел Радески кој се врати од повреда погоди за триумф на актуелниот шампион.

Шкендија има 12 бода предност пред Вардар во пресрет на нивниот дуел во следното коло кој се игра во Маџари.

Работнички со пресврт во второто полувреме дојде до победа на гостувањето кај Шкупи. Домаќините водеа со гол на Устабаши, Пеев и Илијоски ја донесоа победата за романтичарите.

Силекс со гол на Додев во 50. минута со победа се враќа од гостувањето кај Беласица.

Македонија Ѓорче Петров со убедливи 3-0 ја совлада Победа. Кировски, Робсон Да Силва и Карваљо беа стрелци на головите.

Резултати:

Вардар – Академија Пандев 1:1

Шкендија – Ренова 2:1

Шкупи – Работнички 1:2

Беласица – Силекс 0:1

Македонија ЃП – Победа 3:0

Табела:

1. Шкендија 62

2. Вардар 50

3. Академија Пандев 46 (-1)

4. Ренова 36

5. Работнички 36

6. Шкупи 33

7. Македонија ЃП 34

8. Силекс 28

9. Беласица 23

10. Победа 18 (-1)

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

×