Утре со почеток од 17 часот, Шкендија и Пелистер ќе го играат финалето од Купот на Македонија.
На денешната прес конференција, тренерот на Шкендија, Ерхан Селими и капитенот Ардијан Цуцули ги искажаа своите мислења.
„Сакам да победи подобриот, а секако ќе си подадеме рака. И секако апел до навивачите, нека биде ова претстава за паметење во убав амбиент. Јас играв фудбал со капитенот на Пелистер, Горан Пашовски и повторно ќе бидеме заедно, пријателски, без разлика кој ќе победи. Секако утре ќе бидеме ривали, но потоа остануваме пријатели. Јас се надевам дека ќе успееме да ја одбраниме ланската титула, изјави Ерхан Селими, тренерот на Шкендија.
„Не очекува квалитеттен и интересен меч. Имаме почит за Пелистер, екипа која и во шампионатот ни создава проблеми. Посакувам да освоиме пехар за да ја спасиме сезоната, да не останеме без трофеј“, рече Ардијан Цуцули.