Шкендија и Работнички ги дознаа противниците за третото квалификациско коло за ЛЕ

by
1 минути читање

Шкендија е на добар пат да избори пласман во следното квалификациско коло по победата од 3-1 над Хелсинки, а ако го оствари тоа ќе игра со подобриот од шведскиот Норчепинг и литванскиот Тракаи.

Во првиот меч Норчепинг со 2-1 го победи Тракаи.

Првиот натпревар Шкендија би го играла како гостин, а реваншот би се играл најверојатно во Струмица.

Работнички ако направи изненадување и го победи Динамо Минск во реваншот, во третото квалификациско коло ќе игра против АЕК Ларнака на Тричковски и Мојсов бидејќи тие се голем фаворит против Корк Сити.

АЕК Ларнака во првиот меч го победија Корк Сити на негов терен со 1-0.

Работнички исто како и Шкендија би бил домаќин во реваншот.

Првите натпревари се играат на 27. јули, реваншите се седум дена подоцна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани