Шкендија губи на полувремето, но и натаму има резултат кој му носи пласман во третото коло (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Хелсинки поведе
со 1-0 на реванш мечот против Шкендија со автоголот на Радески во 29. минута.
Беше тоа едно невнимание на нашиот вицепрвак во одбраната при корнер ситуација
за домаќините.

Иако стратегот од
клупата на тетовските „црвено-црни“, Ќатип Османи вети дека неговиот тим ќе
атакува кон противничкиот гол и на реваншот во Финска, сепак очигледно е дека
нашиот претставник го брани резултатот од првиот меч, со тоа игра мошне
внимателно.

Шкендија и натаму
има резултат кој го носи во третата рунда квалификации откако на домашен терен
славеше со 3-1.

Шкендија: Захов, Бејтулаи, Алими, Цуцули, Ибраими,
Хасани, Вујчиќ, Челиковиќ, Радески, Тодоровски и Абдурахими.

Мечот го суди
исландскиот арбитар Гунар Јарл Џонсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани