Шкендија го презентираше првото зимско засилување

by
1 минути читање

Шкендија денеска го презентираше првото засилување за зимскиот преоден рок, се работи за косовски дефанзивец, Ардин Далку.

„ФК Шкендија со задоволство може да потврди дека постигна договор со косовскиот дефанзивец Ардин Далку. Овој трансфер ќе биде активиран во јануари следната година кога 24-годишниот фудбалер ќе има право да игра“, стои во соопштението на Шкендија.

Самиот фудбалер е среќен што ќе го носи дресот на македонскиот шампион.

„Среќен сум што во иднина ќе играм во клуб каков што е Шкендија. Долго време бев дел од украинското првенство и многу сум мотивиран за ново искуство. Знам дека Шкендија има големи амбиции, ветувам дека ќе го дадам најдоброто од мене за да се остварат тие цели“, изјави Далку.

Далку веќе се приклучи на тренинзите на Шкендија, тој ќе тренира под водство на новиот тренер Ернест Ѓока, но право на настап ќе има од јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×