Шкендија е шампион, Победа оди во втора лига

by
1 минути читање

На четири кола до крајот на првенството, Шкендија и официјално стана македонски шампион. Денеска го совладаа Работнички на негов терен благодарение на голот на Тотре во 90. минута.

Вардар одигра 2-2 на гостувањето кај Шкупи. Домаќините два пати водеа со голови на Сержињо и Бајрами, Вардар израмнуваше со погодоци на Жуниор и Мицевски.

Ренова ја торпедираше Победа со 9-1. Стојановски постигна дури четири гола, два Рамадани, по еден дадоа Миовски, Мустафов и Усеини. Ристевски го даде почесниот гол за Победа. Со овој пораз Прилепчани ги загубија и теоретските шанси за опастанок и испаднаа во ренг подолу.

Беласица продолжи со добрите резултати во финишот од сезоната, овој пат ја победи Македонија Ѓорче Петров со 3-1. Савиќ постигна два гола, еден даде Мирчевски за Беласица, погодокот за Македонија ЃП беше дело на Божиновски.

Силекс кој ја брани осмата позиција од Беласица, ја совлада екипата на Академија Пандев со убедливи 3-0. Рајковиќ постигна два гола, еден беше дело на Благоевиќ.

Табела:

1. Шкендија 72

2. Вардар 59

3. Академија Пандев 53

4. Шкупи 43

5. Ренова 42

6. Работнички 39

7. Македонија ЃП 38

8. Силекс 37

9. Беласица 34

10. Победа 23

Можно е и ова да ти се допаѓа

×