Шкендија е подготвена за Шериф, научена е лекцијата од дуелот со ТНС

by
1 минути читање

Шкендија го помина ТНС иако во реваншот загуби со неверојатни 4-0. Сега следува многу посериозен предизвик, шампионот на Молдавија, Шериф.

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи вели дека се потрудиле да ја научат лекцијата од дуелот со ТНС и верува дека утре ќе бидат многу подобри.

„Анализиравме неколкнатпревари на Шериф вклучувајќи го и нивниот последен на кој победија со 3-0. Се работи за квалитетен тим. Ние работевме на психолошка подготовка на нашите фудбалери бидејќи мора да научиме од последниот поразот на гостувањето кај ТНС. Низ групни и индивидуални дискусии се обидовме да ја кренеме атмосферата на посакуваното ниво“, вели тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.

Капитенот, Арменд Алими верува дека се добро подготвени за да одиграат најдобро и да дојдат до посакуван резултат.

„Нашата цел е да ја развиеме нашата игра на најдобро можно ниво, да го вратиме нашиот идентитет колку што е можно побрзо. Нормално, секогаш велам дека секоја победа без разлика на резултатот е позитивна. Но важно е да не примиме гол, особено против Шериф кој има многу добар напад кој се надевам дека ќе го сопреме“, вели капитенот Арменд Алими.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×