Моторот на Шкендија во средниот ред, искусниот Стефан Вујчиќ подолг период ќе биде вон фудбалските терени, ова го велат медицинските анализи по повредата со која се здоби тој на реваншот против Хелсинки во рамките на квалификациите за Лига Европа.
„Медицинските
прегледи за жал потврдија дека нашиот фудбалер има скинат лигамент на десната
нога и ќе биде надвор од терените подолг период…“ се вели во соопштението на
клубот објавено на официјалниот клупски сајт.
Од клубот
информираат дека 31 годишниот Вујчиќ ќе мора да оди на операција, но тоа не е единствениот
проблем со кој нашиот претставник во квалификациите за Лига Европа се соочува
пред реванш средбата против Тракаи идниот четврток.
Како што е
познато, двајца фудбалери на Шкендија заработија исклучување на мечот во Вилнус
каде нашиот вицешампион загуби 2-1, но со гол на гости и минимален пораз има и
повеќе од активен резултат и голема шанса за прогрес во плејоф рундата од квалификациите за Лига Европа.
Најпрво
офанзивецот Жуниор поради големо невнимание заработи директен црвен картон
поради груб прекршок, за потоа предвреме во соблекувалната да биде испратен и
дефанзивецот Цуцули. Шкендија играше цели 28 минути со двајца фудбалери помалку
на терен, за среќа успеа да се одбрани и да не прими уште еден гол за повисока
негатива.
Османи ќе биде на голема мака
Се чини дека
Ќатип Османи ќе мора да внесува новитети во тимот за реванш мечот против Тракаи. Тој веќе во Тотре ја најде идеалната замена за Вујчиќ, младиот
Тетовец почна уште од првата минута на вчерашниот меч во Литванија.
Во одбраната
постојат неколку комбинации за стратегот од клупата на тетовските „црвено-црни“,
можеби добро е тоа што Мурати не беше вметнат во почетните 11 за вчерашниот
дуел, иако се врати од повредата и тренираше со зголемен интензитет, заедно со
Жуниор кој исто така се врати од повреда пред првиот меч со Тракаи.
Внесувањето на
бекот Мурати во дефанзивната линија ќе значи и мало прераспоредување, со оглед
на тоа што Цуцули е стопер.
Извесно е дека
местото на Жуниор во офанзивната линија на Шкендија за реваншот против Тракаи
ќе го преземе Абдурахими, кој не е во прв план на Османи, но тој нема повеќе
опции.
Абдурахими беше стартер против Хелсинки во Финска, за време на повредата на Жуниор, но мина само 66 минути на теренот, во Литванија не доби прилика за настап и мечот го проследи од клупата за резервни фудбалери.
Извор:
kfshkendija.com
Фото-вест:
KF Shkendija (Facebook, архива)