Шкендија без милост, тетовските „црвено-црни“ го решија Тракаи и се пласираа во плејофот од ЛЕ (ВИДЕО)

by
4 минути читање

Македонскиот
вицепрвак славеше со 3-0 во реванш пресметката против Тракаи и со тоа избори
пласман во плејофот од квалификациите за Лига Европа, откако на гостински терен
во Литванија загуби со 2-1.

Се чини дека се
се случуваше во првиот дел од мечот,
каде беа решени речиси сите дилеми околу победникот и патникот во следната фаза.

Првите 45 минути
минаа во знакот на фудбалерите на Шкендија кои редеа шанси пред голот на
гостинската екипа, Ибраими, Абдурахими и Радески сепак не не успеаа да реализираат
во почетната фаза од мечот.

Капитенот Хасани
во 22. минута ја разниша конструкцијата од голот на Тракаи откако упати бомба.

Наградата за
одличната игра на македонскиот вицепрвак стигна во 29. минута, по одличниот
погодок на Ибраими кој упати одличен удар, неодбранлив за противничкиот голман.

И тука не застана
нашиот претставник, следеше ударот на Бејтулаи од огромна далечина во 35. минута,
но топката најнапред со крајни напори и го смени правецот гостинскиот голман,
за потоа истата да се одбие од дирекот на голот.

Следеше еврогол,
мајсторија на капитенот Хасани кој во 42. минута упати хируршки прецизен удар
од слободен удар за водство од 2-0 за Шкендија.

Со водство од 2-0
Шкендија замина на паузата по првите 45 минути игра, во вториот дел нашиот
претставник влезе претпазливо во играта.

Постоеше можност
за пенал во 70. минута, откако Ибраими беше оттурнат во казнениот простор на
литванскиот тим, но главниот арбитар од Малта не покажа на белата точка.

Шанса да го
зголеми водството на 3-0 имаше нововлезениот Шефити во 83. минута,
на само една минута
откако влезе во теренот.

Најнапред Хасани
на мајсторски начин се ослободи од својот противник, упати опасен центаршут но Шефити
иако се испружи најмногу што можеше, не ја зафати топката за да бие со глава во
мрежата од голот на противникот.

Следеше нова
прилика минута подоцна, и повторно одлична асистенција на Хасани, но иако изби
сам пред голот, Радески беше непрецизен во својот обид.

Сите дилеми околу
победникот и патникот во следната фаза од квалификациите за Лига Европа, ги
реши капитенот Хасани со неговиот втор гол на мечот, овој пат во 88. минута.

Ќе издвоиме дека
Тракаи играше со играч помалку од 72. минута, откако Климавичиус заработи втор
жолт картон на мечот, и двата жолти картони ги заработи во вториот дел.

И покрај
проблемите во кои се најде стратегот од клупата на македонскиот вицепрвак,
Ќатип Османи, поради суспендираните Цуцули и Жуниор кои се здобија со црвени
картони на првиот дуел во Литванија, како и повредениот Вујчиќ, отсуството на
претходно наведените фудбалери кои се клучни во играта на Шкендија, воопшто не
се чувствуваа во играта на нашиот претставник.

Шкендија: Захов, Бејтулаи, Алими, Ибраими, Тотре,
Хасани (Зејнулаи 90′), Челиковиќ, Радески (Фазлагиќ 90
), Бојку, Тодоровски и Абдурахими (Шефити 82’)
(4-2-3-1).

Мечот кој се играше
на стадионот „Младост“ во Струмица го судеше Клејтон Писани од Малта.

 

Фото: KF
Shkendija (Facebook)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани