Скели и Нванери: Заедно од У9 тимот на Арсенал до историја во Лигата на шампиони (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Арсенал

Тинејџерите на Арсенал, Итан Нванери и Мајлс Луис Скели испишаа историја на синоќешниот натпревар против ПСВ во Лигата на шампиони.

„Топчиите“ синоќа славеа со 1-7 на гостувањето во Ајндховен, убедливата победа донесе огромен чекор кон четвртфинале, но и неколку рекорди.

Арсенал стана првиот тим кој постигнал 7 погодоци како гостин во нок-аут натпревар во Лигата на шампиони.

Итан Нванери исто така стана третиот најмлад стрелец во нок-аут натпревар во Лигата на шампиони, со 17 години и 348 дена, пред него се само Џуд Белингем (17 години и 289 дена) и Бојан Кркиќ (17 години и 217 дена).

Исто така, за неговиот гол асистент беше уште еден тинејџер, Мајлс Луис Скели, па за прв пат во историјата, двајца тинејџери од Англија комбинирале за гол во Лигата на шампиони.

Интересно е тоа што Итан Нванери и Мајлс Луис Скели во исто време (2015 година) стануваат дел од школата на „топчиите“, и од тимот за играчи до 9 години, заедно прогресираат до првиот тим, и синоќа придонесоа за гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани